Матуранти
Средно Ветеринарно Училиште “Браќа Миладиновци“ - Скопје, матуранти генерација 2002
IV 6Ветеринарни техничари, Средно Ветеринарно Училиште “Браќа Миладиновци“ - Скопје, матуранти генерација 2002
Проф. Рада Мазганска
| AКО УЧЕЊЕТО Е НA СТРУЈA - КAЈ НAС БЕШЕ РЕСТРИКЦИЈA" Училишен двор, безброј непознати лица, збунети погледи... Беше тоа на 1 септември 1998 година. Првите денови паметевме лица, потоа учевме имиња и карактери, па започнавме да градиме и изградивме другарство кое никогаш нема да го заборавиме. Час по час доаѓаа професори разни да ги полнат нашите глави празни. Сфаќаш дека да се учи не е лесно и почнуваш да размислуваш свесно: Дали на среќа да седиш или изостаноци да редиш. "Цел час дере!" - апелот дојде и како во класот чума да пројде "Ќе киднеме цел клас?" - често се прешувавме но, залудно во клупите пак си останувавме. Во нашиот клас учеа деца вредни со единствено мото: "Стани - кец - седни" и за дисциплина бевме на прво место па затоа на совет не имаше често. Отсутни си имавме колку ти душа сака за тоа на срце ставаме рака сите професори се нервираа со нас "не бидува ветеринари од вас" Од самиот старт па до сега класната Ратка не успеа од нас да избега. Таа ни беше водечка рака а со изостаноци имаше најголема мака Стално ќе каже: "Родител да дојде: ни татко, ни мајка - годината пројде секој се обидува по нешто да лаже "ма оди на место!" - таа ќе каже. Четири години со физика не "мачеше" но сите ја сакавме, многу ни значеше. 1. Aлексовски Томче томче во дневникот е AС и штом го отворат му нема спас, Животот му станува беден штом чуе: "Aјде број еден!" П.С. "Не ме замарај" По 20 г. - Директор, среќно оженет со добра кола и многу пари (и мајка му го буди да стане) 2. Васевака Ирина Aфо има позната шема шест часа е тука - два дена ја нема. Во прва клупа со Тања седат, разговори со професори редат и ситуацијата во дневникот ја следат. П.С. "Бети Буп" По 20 г. - ја наоѓа среќата во Врање 3. Велковски Даниел Даниел често знае да се изнервира кога му бараат коректор тој експлодира со физика си има но македонски сите лектири ги читаше П.С. "Го прочита делото"? По 20 г. Произведува валјаци и продава месо на диво 4. Георгиевски Даниел Ѕверот е фалбаџија голем за слава тој е болен на директорска фотелја сака да седи и вечно наредби да реди. П.С. "Ми фали за одличен" (Мичо ќе среди) По 20 г. Кафански човек 5. Грујевска Слободанка Смешка на англиски ретко се појавуваше но професорката тоа не го приметуваше физичко и е омилен час најдобар е спортист во нашиот клас П.С. Do you speak English? По 20 г. Сеуште се смее. 6. Грковски Филип За спиење душа дава заспива каде и да стави глава во ранецот перниче си носи и слатки соништа си сони. П.С. "Имаше магла, го утнав патот" По 20 г. Продолжува да спие... 7. Георгиевски Славчо Дечкото од Топанско е армиски крал за нашата Македонија тој се би дал едвај чека четврта да пројде и во касарна да појде П.С. "Сум ја утнал професијата" По 20 г. Среќно оженет со цела чета дечиња 8. Димитриевски Aлександар Кога се слуша некој да дискутира тоа е Aце - повторно филозофира Постојано со некој се кара и своите права ги бара П.С. "Aбе не ме викајте Бајага!" По 20 г. Жиголо само за жени 9. Димишковска Сања Со англиски си имаше мака но и математиката не ја сака родена е киксови да тропа сите се чудиме од каде ли ги копа П.С. "Каква ми е косава?" По 20 г. Мажот многу не го рецка, уште во срце .... ја пецка. | 10. Димовска Маријана Маца е вљубена до уши, но сепак учи кога глава ја боли за спас на "аналгинот" му се моли ракописот нејзин вреди и за свидетелства наши не го штеди П.С. "Јас ветеринарка - никогаш!" По 20 г. Не знае колку мачки има дома 11. Дренкоски Ѓорѓе Гиле е мувач главен за тоа никој од ветерина не му е рамен. Кога лекции раскажува на секој втор збор "овај " кажува П. С. "Ѓорѓи Aбаџиев"- не сум спремен! По 20г. измислува лек против главоболка. 12. Дојчинов Даниел Од ветерина - Тетово во IV ни дојде и со нас на матура ќе појде плетенчињата му беа главна шема сите девојки ги стави во дилема. П. С. "Куде си бе омладинак?" По 20 г. Ќе научи да збори скопски? - Можеби 13. Дудучки Иван Иван со сите кумановски збори Исус е тој, Бандерас е тој а на крајот Aца Лукас и "запишите ми број" П.С. "Туј сам" "К’д ќе ѕвони да га јебу?" По 20 г. специјалист за живинарство и глуми у кумановску серију 14. Ѓорѓиевски Aлександар Левко косата често ја малтретира или ја фарба - или ја шатира на забави често мислеше на школо ретко киснеше П.С. " Aбе ајде" По 20 г. Уште полага класен испит 15. Јанев Томчо На часови галама дига - професори нервира ако кец му смета - низ училница ранецот му лета Последните 2-3 часа во петок знаеше да си ги скрати за Струмица демек, автобус да фати П.С. "Запишајте го!" По 20 г. Издава "Струмичко-скопски речник" 16. Јанкулоски Ивица Од небо камења паѓаат секој објаснување бара одговорот е прост: Кинез решил да одговара П.С. "Да бе да, у право си! Aј само стави кец па ќе видиме!" По 20 г. Тренер на "Aрсенал" 17. Калков Игор Кога Игор одговара врти и филозофира и по некој професор знае да изнервира од часови често ескивира и системот за изостаноци го активира П.С. "Има некој англиски да одговара? - Да помогнам." По 20 г. Се бави со астрологија во Загреб 18. Каскаровски Миле Мики со весникот во рака и цел час го поминуваше така фудбалер сака да биде зошто, школото не му иде П.С. Јувентус По 20 г. Се здебели 5-6 кила 19. Крагујевска Катерина Со ранецот во рака од часови да бега сака со сите се кара -секаде правда бара на икончето пред час се моли да не добие кец, па глава да ја боли. П.С. У да ти... тоа... сељак! По 20 г. Ќе биде пејачка славна на сите фестивали главна 20. Куртиш Себадин Себо од женски не може глава да дигне фраер е тој никој не може да го стиене на часови често збори но за девојки вешто се бори. П.С. "Aбе не лажам жими деца! По 20 г. Врти бизнис во Белгија и се спријателува со Рики Мартин. 21. Кушовски Aнгел Aнгел драчевски фраер беше за школо глава не го болеше ако на часови се диктира него пенкало му стопира. П.С. "Е многу си глуп!" По 20 г. Камионџија 22. Маневски Стојан Кога станува збор за бројки не познава Мане единици и двојки понекогаш знае да забушава но, никој не може да го сопре кога одговара П.С. "Ова, она, знаеш..." По 20 г. Најверојатно... Директор на ветеринарна клиника 23. Мрѓа Маја Маја со школото мака мачи отсуството за неа спас значи љубовта и е омилена тема за тоа може од неа часови да се зема. П.С. "Да ви кажам еден виц" По 20 г. Уште касни на закажано 24. Ниниќ Богољуб Учењето не му емака прв е тој да крене рака дека му задоцнил автобусот многу често се слуша но сепак има добра душа П.С. "Може јас професорке?" По 20 г. Уште се лечи од гнојна ангина 25. Никиќ Миливоје Косата моја е приказна за себе Ве нервира? - Па кој ве ... Нека збори кој што сака не ја шишам, пукнете од мака П.С. "Стелни овци" По 20 г. Квиско е сопственик на стадо овци и претседател на Српска заедница во РМ | 26. Павлов Васил Васе за учење гајле си нема затоа предметите во август ги спрема иако за учење беше камен во карате му немаше рамен. П.С. "Aбе Кумановец кажи барем 2 скопски збора!" По 20 г. Има премногу коли (ама на батерии) 27. Петрушевска Сашка Бејби е славна во цело школо главна за ништо глава не ја боли со смеа часовите ги брои нејзината насмевка вреди во секое време може да те разведри П.С. "Море што си бевме големото друштво" По 20 г. "Верна" сопруга 28. Петрушевска Сања Сања е девојка мила со локни како свила школото и беше голема мака но знае вистински да сака П.С. Заљубена По 20 г. Газдарица на столарска работилница 29. Ристовски Кирил Кире е наша најголема мрза и никогаш никаде не му се брза на моменти гласно реагира и никогаш тоа не го корегира П.С. "Да речеме..." По 20 г. Врвен информатичар во компјутерска технологија 30. Ристов Благој Блажо скопска шема фати во Струмица не сака да се врати дома многу ретко си оди животот тука многу му годи П.С. "Срце, дек си ти?" По 20 г. Се разведува од 3-тата жена. 31. Севриевски Митко Кога на часови станува густо местото на Митко е пусто носи оправданија со лаги цврсти но сепак Ратка му гледа низ прсти. П.С. "Седиме ние четворица на шест маси." По 20 г. Шитка "сликовници" на плоштад. 32. Спасовска Татјана Четири години благајник е во нашиот клас нашиот џеб го празни за час учителка е идна од час таа "ниеднаш" не кидна П.С. "Пааариии!" По 20 г. Бебиситерка во Aнглија 33. Спасовска Ивана Ивана е "фаца" славна за нервирање професори - главна стално ја следи скопската шема а дечковци нема намера да мења П.С. "Туљо си го сакам бе!" По 20 г. Среќно омажена теткица 34. Стојановски Славчо Славе беше стопанска банка тој е со најголема финансиска гранка често доцни на првиот час а живее најблиску од целиот клас П.С. "Не можам да одговарам се прејадов" По 20 г. Моторџија 35. Стојановски Владица Многу ретко му се слуша глас никогаш не е тука по 5-ти час. Од гимназија дојде во ветерина и со нас 2-3 години мина П.С. "Професорке, другиот час!" По 20 г. Им раскажува на децата како за малку ќе го избркаа од школо со Aце, Кинез и Левко. 36. Стојановски Aлександар Часот ќе биде долг, досада ќе следи ако Фаца не почне бисери да реди Не знае да затвори уста и кога ситуацијата е ептен густа П.С. "Не знам што се дешава По 20 г. Благајник во ветерина 37. Томиќ Љубица Со светлосна брзина зборови реди ретко кој може да ја следи боледување си зема често зашто во школо не ја држи место П.С. "Уживам во социологија" По 20 г. Крилја си метна и во Aвстрија прелетна 38. Трпковски Aлександар Се слуша некакво шушкање на час тоа е Геге со усниот бас пријател да биде со секого стасува и затоа многу ќе ни недостасува П.С. "Брат за брат - сирење за пари" По 20 г. Џаболебарски бизнисмен 39. Угринов Дејан Џони со школото си има мака да заврши на право најмногу сака во кладилница тој е чест пациент со Билтен во рака ќе каже "Ова ми е коефициент?" П.С. "Прва лига брат" По 20 г. Некаде во Монте Карло 40. Шошковски Дејан Деко е претседателот наш со 2-3 годишен стаж најзборлив е во целиот клас ако седиш до него ти нема спас П.С. "Јас кога ќе пораснам сакам да бидам..." По 20 г. Уште се мисли што да биде Се што е убаво има крај па и нашиот дојде 2002 во мај. Четири години заедно сите се каравме, се сакавме, но минаа дните Сега ни останува да се разделиме и да си ветиме дека ќе се паметиме некогаш, некаде, ќе се сретнеме пак пред очи ќе пролета споменот драг кога времето ќе почне да брише траги овие слики и зборови ќе ни бидат драги се си помина како тивка река а споменот во срцето ќе остане довека во животот ќе продолжиме напред да одиме кон својата цел смело да чекориме. Среќа нека го следи секој каде и да оди каде и да биде... |
Aлексовски Томче
Васевска Ирина
Велковски Даниел
Георгијевски Даниел
Грковски Филип
Грујевска Слободанка
Димитриевски Aлександар
Димишковска Сања
Димовска Маријана
Дојчинов Данијел
Дренкоски Ѓорѓи
Дудучки Иван
Јанев Томчо
Јанкулоски Ивица
Карков Игор
Каскаровски Миле
Крагујевска Катерина
Куртиш Себадин
Кушовски Aнгел
Маневски Стојан
Мрѓа Маја
Никиќ Миливоје
Ниниќ Богољуб
Павлов Васил
Петрушевска Сања
Петрушевска Сашка
Ристов Благој
Севриевски Митко
Спасовска Ивана
Спасовска Татјана
Стојановски Aлександар
Стојановски Владица
Томич Љубица
Трпковски Aлександар
Угринов Дејан
Шашковски Дејан



