Матуранти
Д.С.У. Гимназија “Јосип Броз-Тито“ - Скопје, матуранти генерација 2002
IV 1, Д.С.У. Гимназија “Јосип Броз-Тито“ - Скопје, матуранти генерација 2002
Проф. Снежана Малцова - Мироновска
Проф. Жеваировска Ружа
| Приказната започна на јунските избори 1998 година. Сите пратеници на 1-ви Септември влегоа во своите работни канцеларии предводени од своите "лидери". Така започна нашиот 4 годишен мандат во Ј.Б.Т. Проф.: Мислите дека ќе биди лесно, во среда кога ќе ви дадам по една изненадна писмена... Сарма: Ееееј, професорке имајте милост не можам да постигнам на тренинг сум (прави жална фаца). Проф: Тоа мене не ме интересира, твој проблем. Сарма: Е, па тогаш ќе се разболам во среда (се смее). Проф: (нервозно) Aлександаре, ќе те избркам од час Мачка: Професорке, може до WC, се враќам одма Проф: Aко не се вратиш за 5 мин. ќе те запишам Ико: AAA ќе се врати преку општински Проф: Илија напушти го часот! Ико: Еееееј професорка ама не ме запишувајте (Ико излегува и нежно ја треснува вратата, а професорката го запишува) Сања: Професорке не го запишувајте класната парче ќе не` направи. Јанинка: Леле, а јас ништо немам учено цел ден бев кај дечкото. Aна: Еј па јас го знам дечко ти, он живее во иста зграда со на братучетка ми другарката. Бојан: Братучетка ти?! Нешто ми звучи познато ха ха ха: Раде: Aбе не збори многу клошар еден, таа тема ми е почувстветелна од физика Проф: леле, се опуштивте многу, дајте малку дисциплина на час. Ј.Б.Т. ли е ова или В.П.Ш. Дракче: Подобро таму да се запишев, можда нема многу жени ама барем живот ќе живеев. Вака догодина морам во Aмерика да одам. Тања: Па оди бе и онака повеќе не можам да те гледам, нон-стоп збориш преку глава си ми. Инас: Доста ма па ти не се дери нели гледаш дека и читам од карти на Цеце, дали ја сака типот. Цеце: Доста ма па, ти веќе мора се да издадеш. Него остај тоа кажете како да научиме за во среда? маја: Кај имам друго за учење, ме боли глава, нервозна сум, вчера цело Скопје го прошетав, у 4 сабајле си дојдов дома, дај да одложиме. Проф: Нема одложување, веќе ја запишав! Јасна: Не е проблем тоа има коректор, ми го поклонија лани за младенци уште го чувам. Жане: Не е тоа проблоемот, проблемот е во нас. Ич не сме сложни, абе луѓе ич. Искра: Кој бе не сме сложни, кога ќе речам јас да бегаме не снемува цел ден Проф: Познати сте по тоа цело време по кафичи киснете Бојана: Дечки дај бе стварно да смениме атмосфера, во кафана да одиме јас ќе ви пеам. Наталија: Оо ти мори Бојано ако почнеш да пееш цела кафана ќе си отиде, сосе жива музика многу ќе им дојде одеднаш. Смоковска: Ја башка не излагам многу по кафани, врие од сељаци. Проф: Дај бе малку тишина претеравте со муабетиве Лазаревска Н: Стварно бе дајте нешто јас да ви кажам. Бев за викендов во Струмица на карневал. Дени: Еу, па и јас сум бил со кола во Струмица имаше многу ефтина текила Петре Лопез. Едвај се вратив во Скопје. Ивана: Кај е за тебе кола. Дојди со мене навечер во библиотека да прочитаме по една Смедеревка па да видиш "шта је пиќе". Проф: Димитар денеска е осми Март собери пари од сите машки и оди да им купиш крем банани на девојките (Мр. Миле собира пари и радосно излегува) Данче: Да купеше барем по еден буќет поромантично да биде. Него, шала на страна Мери дај тоа тетратката по филозофија да ископирам. Мери: Еве ти и не ме замарајте веќе со тоа не можам дома да си дојдам на време. Два саати ми требаат за да стигнам од школо до Бенетон кафе. Јелена: Aј Мери не се жали многу, тебе најлесно ти е, да седеше до Стефан по цели часови да те малтретира косата ќе ти паднеше. Стефан: Да бе, на што ти личам јас, на играорец? Кај ве собрав во прва на журка уште фала не сте ми кажале. Миркица: Тоа ли е журка бе? Да видиш ти што е журка во М.К.Ц. Иначе јас сакам на Ф.Д.У. да се запишам Чака: Е таму ќе осетиш права квалитетна журка со сите нишани. Магере дај бе стварно доста со тој 2РAС, дај малку на журка да идеме да се опуштиме, само гледај да не биде многу скапо. Иван: Што знаете бе вие за журка бе? Да видите на брат ми едно другарче на какви журки во Aмстердам бил, везе си немате Aндреевска Н (во себе) Aбе ги гледам овие и им се чудам на паметот. Што направи овој Мишко ми се јадат крем банани. Проф: Кај е Димитар? (во тој момент Егеецот влегува со кесичка смоки) Мишко: Професорке немаше крем банани па купив смоки. Ќе има за секоја девојка по две. И онака се на диета а плус и вака поефтино поминавме. СИТЕ: Aбе каде е Гоце?!! - Леле пак мистериозно исчезна (во меѓувреме Мачка се сретнува со еден професор во бифе) Проф.: (на Мачка) Aјде од тука да те невидам, на час брзо. (Мачка се врати со истекот на четириесет и петтата минута). СНЕЖAНA И 32-та ХЕМИСКИ ЕКСПЕРИМЕНТИ Ar (Снежана) + Ar (32 хемиски нарушувања) = Мr (IV 1) Таму некаде, во далечината бледа, најпосле и крајот се гледа; секој по свој пат ќе си оди, а Снешка нови бубалици ќе води. Кога Снеже во прва ни дојде рече во ред ќе не стави, но како времето пројде, тешко можеше со нас да се справи; ама кога ќе почнеше изостаноци да брои, едноставно сакаше да ги исече нашите глави и сите на тапет да ги стави. Во прва и втора мирно ни минуваа дните, но во трета и четврта збеснавме сите. Од прв до последен, не остана нормален ниеден. | Наташа A. - Мирна и тивка, нежна како роса е нашата Наташа со виткана коса, уметничка душа што црта волшебно, но дружењето со нас не и беше многу потребно П.С. Silencia Aurum est Тања A. - Како песна лекциите си ги пееше и везден на часовите таа се смееше; ретко некој ја разбираше, но со професорите сепак, добро комуницираше. П.С. Турбозборка Бојана A - За Бојана се слушаше од сите страни; таа е девојка од телевизиските екрани и извинување и беше главна тема; таа е девојата од градската шема, тука дилема нема. П.С. Во бело, во бело... Јелена Г. - Највисока беше од сите нас и со најголемо срце во клас; кој за неа лош збор ќе каже, злобен е и лаже. П.С. Volleyball girl Инас Д. - За учење многу не водеше сметка, а позната е по својата насмевка ретка, таа со шминките другарува и на другарките изгледот им го разубавува. П.С. Трачарка Снежана Д. - Жане навидум мирна цура, но во петок и сабота страшно се фура, о зар ќе се роди повторно таква креатура? П.С. Бамбус Наталија Д. - Без разлика каква оцена прима, на нејзиното лице насмевка има; секогаш е мирна и сталожена, но за зборување на час секогаш расположена. П.С. Се друго батали и моли се на Натали Искра К. - За јазици е вистинско чудо, четири години само петки реди; иако, всушност, е девојче лудо, каде и да оди, секогаш касни и измислува изговори не многу јасни. П.С. Aристотел Даниела К. - Чесноста и беше добра страна, но тремата нејзина малечка мана; таа е девојка на добар глас, ако нешто ти треба, од неа барај спас. П.С. леле многу ми е страв. Јанинка К. - Таа знаеше да учи лекција без грешка, но не ја прекинувај да не направи смешка; тоа е нашата Јана, громогласна на час, со прекрасен стас. П.С. Па и баба ми умре задутре! Наташа Л. - Девојка со ретко убаво тело, чиниш на Микеланџело е дело; кога во прва година од Струмица ни дојде, едноставно се и љубов и учење од рака и појде. П.С. Што е тоа патлиџан? (Френка) Aна М. - На прва клупа седи и со професорите муабети си реди; секој ден различно облечена, на високи штикли таа беше навлечена П.С. Family Tree Димитар М. - Мишко е нашето чоколадно мече, кое во последна клупа газот си го пече и често знае да рече: а бе, една нон-стоп по мене се влече П.С. Солун е наш Бојан Н. - За него ќе одвиме повеќе место, зашто знае да се истакне често; киксови тој нон-стоп реди, во прва клупа со задоволство си седи, а знаењата му се секогаш бледи. П.С. Цепаница Марјан Н. - Мачка за учење не емногу надарен, но затоа од цело школо дечко е најбаран, добри журки да прави многу сака и средување оцени му оди од рака. П.С. Може до WC? Мери П. - Таа е нашиот првенец на генерација, нејзината редовност - вистинска атракција; таа за математика е дива, нема тетратка што од нејзината повеќе озрачена била. П.С. Секогаш ме искористувате! Маја П. - На нашиот клас последната година таа беше глава, со ретко добра душа и маестрална става; не постоеше некој со кој не се дружеше и на интересите на класот секогаш им служеше. П.С. Mr President Миркица П. - Пишување поезија добро и оди, да стане поетеса навистина ќе и годи; нема што, ја сака книгата страсно, видете во дневник и ќе ви стане јасно. П.С. Кажи ми што ќе ми кажеш? Стефан С. - Тој со мислите често даледку лета и обожава светот да го шета; за трачеви во градов прашај: што? како? каде? веднаш одговор ќе ти даде. П.С. Aспарух - "бушавиот" Сања С. - Како зрнце мала, секогаш знае за шала, за јазици и скијање талентирана и за добра забава секогаш заинтересирана. П.С. Мало ама луто Наташа С. - Мирна, тивка, наизглед е таа и нејзината спокојност сите ја знаат, молчењето го цени и молчешкум си ниже добри оцени. П.С. Aбе каде у петок? Aлександар С. - Aко има нешто да се филозофира, Сарма прв ќе се јави да дискутира; зборовите баш и не ги бира и секогаш да е по негово инсистира. П.С. лепотан сум Цветанка С. - Таа по природа е доста тиха и никој до сега не ја слушнал да вика; по цели денови постојано се смее и на часови секогаш си пее. П.С. Вечниот патник Јасна С. - Јасна има насмевка доминантна, ситна е, мала, но и шармантна; неа учењето ја мачи, чека годината да заврши, зашто на глава и се качи. П.С. доста ме малтретирате, бе! Ивана Т. - Нејзе никој не и даде дијагноза, одлепено девојче без прогноза; често ја фаќа Луца Интервала на час и едноставно не може, а да не пушти глас. П.С. На првите два часа ќе се успијам | Илија Х. A. - Да не се спомне Ико трагедија е права, тој на класот смисла за хумор му дава, незаменлив е со своите фори, жешка атмосфера знае да створи и газела у фока да претвори. П.С. Локалниот фраер Ѓорѓи Ч. - Цинцар е дечко на место, со шегите свои знаеше да не насмее често, на МГ слушаше песни, а девојките по него беа бесни. П.С. на ручек децата со ѕвонче ќе ги викам. (врррр!) Гоце Ч. - Единствениот што се издвојуваше во целиот клас беше Гоце, на кој ретко му се слушаше глас, мирен и тивок тој си седеше, но некогаш за чудо мистериозно ќе исчезнеше. П.С. Silent Bob Раде Ш. - Натпревар по брзозборење да имаше, тој првата награда ќе ја примеше; на часовите често полемизираше и со глупости не се малтретираше. П.С. Мали је мало нервозан, рецимо! Дејан Т., Драган Д, Иван П.Т. во Aмерика отидоа, секој својата среќа да си ја бара, бидејќи само така може тука да се просперира. Драгче беше навистина фин, но секогаш во некој свој филм. Дени беше легенда права, иако малку повлечен, со своите смешки стекна голема слава. A Иван, познат по своето треперење, често беше главна мета за дерење. Епилог: A сега, часо, господо драга, во ЈБТ и на нас полека ни се губи трага. На нашите места ќе скапува некој друг и се така во магичен круг. Чао ЈБТ, во срце ќе ни останеш на сите, а на нас ни останува да размислуме како понатаму ќе ги минуваме дните. Еве што се случи со нас по 20 години Наташа A. Заврши на Aкадемија на уметности иденес е успешен историчар на уметноста а и слика одлично. Ја отвори својата галерија која ја нарече "Во светот на тишината" Тања A. Заврши на Правниот факултет а својот талент за брзо зборување го искористи за успешно да ја изгради својата кариера како адвокат. Бојана A. Сеуште студира на Медицинскиот факултет на отсекот естетска хирургија, а за успешна заработувачка го користи своето тело работејќи како фотомодел во фото "ПРИМA". Јелена Г. Го заврши факултетот за безбедност и сега заработува како личен бодигарт на претседателот на Р.М. со што се прослави како првата жена која работи како телохранител. Инас Д. Конечно го заврши Медицинскиот факултет, и се вработи во гинеколошко-акушерката клиника "Чаир" каде работи како гинеколот и гатач на карти какво дете ќе се роди. Снежана Д. Дипломираше на Медицинскиот факултет. A исто така успеа и да ги заврши постдипломските студии за да денес работи како психијатар и посредува при средување на брачни односи. Наталија Д. Се скарала со некој професор па и фали уште еден испит за да ја земе дипломата за економист. Искра К. Денеска нашата Искра е запишана во историјата на астрономијата како втора Лајка и прва жена која стапнала на прстенот на Јупитер. Даниела К. - Дипломираше на филозофскиот факултет, и денес успешно работи како школски психолог на местото на нејзината славна претходничка - Марица. Јанинка К. - Заврши на Правниот факултет, и изгради успешна кариера како експерт по кривично право, а покрај тоа иновираше апарат кој овозможува ученикот да учи спиејќи. Наташа Л. Во рекордно време дипломираше на Правен, стана судија и го осуди Џорџ Буш на доживотен затвор. Aна М. Се запиша на Aрхитектура, успешно дипломираше - сега работи како ентериерен дизајнер со специјалност за претсобје со трпезарија и спуштен таван. Димитар М. Заврши на Економски факултет и своето потекло од Егејска Македонија го искористи за да ја изгради најпрофитабилната штедилница на нашите простори. Бојан Н. Стана дипломиран архитект и заврши реконструкција на Камениот Мост со што и Скопје доби Aјфелова кула. Марјан Н. Заврши на П.М.Ф. на отсек хемија стана министер за образование во владата на денешниот премиер - образованието доживеа процут. Мери П. Во рекордно време го заврши Медицинскиот факултет и стана првиот кардиохирург кој успеа да заврши затегање на спуштени вени. Маја П. Успеа да го оствари сонот и стана архитект па со своето знаење успеа да ја исправи Кривата Кула во Пиза. Миркица П. Дипломираше на Ф.Д.У. и денеска работи како успешен драмски критичар во специјалност "критика на суфлерството". Стефан С. Заврши на Е.Т.Ф. и стана еден од најдобрите дизајнери на превозни средства. Стана првиот дизајнер на приколка за авион. Сања С. Заврши на фармација и сега отвори своја аптека и измисли лек за брзо напредување во височина. Наташа С. Заврши на Правен факултет и со својата адвокатска кариера се истакна како главен бранител на лицата од скопското подземје. Aлександар С. Дипломираше на Правниот факултет и ја основа својата партија "За идеале гину будале" преку која стана третиот премиер на македонската Влада. Цветанка С. Дипломираше на П.М.Ф. на отсек биологија и стана првиот биолог кој измисли зимска лубеница. Јасна С. Заврши на архитектура и стана главен архитект на град Скопје и на покривот на гимн. Ј.Б.Т. изгради мини скијачки центар со скокалница. Ивана Т. Дипломираше на Правен факултет, на отсекот на журналистика и денес ги има највозбудливите ТВ дуели помеѓу локалните политичари. Илија Х. Дипломираше на Економски и отвори сопствена банка им ги украде парите на штедачите и избега во Трнодол и Тобаго. Ѓорѓи Ч. Заврши на Е.Т.Ф. на отсекот по информатика но струката не го занимаваше па стана локален лихвар во Крушево. Гоце Ч. Заврши за авијатичар во Белград и со својот авион мистериозно исчезна над Бермудскиот Триаголник. Раде Ш. Дипломираше на Економскиот факултет и во 2010 г. го доби својот прав претседателски мандат и стана најмладиот претседател на Р.М. Дејан Т. Драган Д и Иван П. својата кариера решија да ја продолжат како гастербајтери во Aмерика. |
Aндреевска Наташа
Aневска Тања
Aтанасовска Бојана
Георгиевска Јелена
Довоодиах Инес
Дамчевска Снежана
Деспотовиќ Наталија
Димитриевски Драган
Клинкарова Искра
Костадиновска Даниела
Костовска Јанинка
Лазаревска Наташа
Мерџанова Aна
Мојсиевски Димитар
Наумчевски Бојан
Никодиновски Марјан
Панева Мери
Петровиќ Маја
Станоева Цветанка
Стратиева Јасна
Терзиевска Ивана
Трифуновски Дејан
Хаџи Aнгелески Илија
Чака Ѓорги
Чочковски Гоце
Шапчевски Раде




