Матуранти
Д.С.У. “Димитар Влахов“ - Скопје, матуранти генерација 2002
III-8Преработувачи на жито, брашно и шеќер, Д.С.У. “Димитар Влахов“ - Скопје, матуранти генерација 2002
Проф. Рајковиќ Зорица
| Тема: Згодите и незгодите на III 8 Време: 1999-2002 г.III 8 Тема: Згодите и незгодите на III 8 Време: 1999-2002 г. Локација: Д.С.У." Димитар Влахов" Главни личности: - цел III 8 клас Ние сме голема дружина која во Влахов се збрала тоа сме III 8 клас што во оваа година го бие лош глас. Доаѓа понеделник и бандата се збира, од III 8 цело школо нема мира. Еден по еден доаѓаме на час, од нас професорите не можат да дојдат до глас. Иако професорите имаат живци јаки, настануваат од нас невидени маки. На секој совет сме главна тема, но сами ги решаваме проблемите без дилема. Три години во школо минати, три претседатели сменети и секој од нив бил цар, се борел за нас и правел дар мар. Не бевме многу мирен клас, барем таков не биеше глас, но бевме една дружина вредна, за успех имаше оценка средна. Зорица Рајковиќ класна ни беше, од 21-те преваранти кои сепак на крај станаа матуранти. Ја молиме нашата класна да ни прости, зошто во школо доаѓавме на гости. Дојде и време за разделба. За крај сите заедно ќе наздравиме и ветуваме дека нема да се заборавиме. И еден ден кога сето ова ќе биде минато ќе се сеќаваме на времето поминато. И да не заборавиме да ги спомнеме нашите другари и другарки кои повеќе не се дружат со нас, а имаме убави спомени од нив: Симески Горан, Зафировска Елена, Рамичевич Един, Цветковски Даниел, Ѓорѓиевски, Ѕвонко, Иванова Елена, Петрова Блага, Дончевска Наташа, Алиу Сеат, Салиева Зејнеп. И да почнеме со овој "најдобар" клас по два-три реда за секој од нас. 1. Јуле: Во дневник е "АС" и штом ќе го отворат дневникот и нема спас. Животот и станува беден штом ќе чуе "Ајде број еден" П.С. Крофница | 2. Ана: Има витка става, кога се нервира почнува да мава, понекогаш на час ќе кренеше рака, инаку си гледаше кој колку ја сака. П.С. Стварно 3. Елена В. Ако се караш со неа ќе те стави во тесно затоа не пробувај со Ели не е лесно, изгледот нејзин секој го цени, машките срца таа ги плени. П.С. Бркај работа 4. Аце Г. Пинки ни беше другар на сите, со него брзо минуваа дните. Пинг-понг му одеше од рака, но со професорите Пинки си имаше мака. П.С. Пинки и другарите 5. Аце Ѓ. Аце е фраер главен и кај девојките тој е славен нон-стоп зафрканции реди и на часови мирен не може да седи П.С. Капче 6. Ѓокица: Ѓоко наш е шема права полн е со превари во неговата глава, а отвори уста нешто да каже тој сигурно “не” те лаже. П.С. Секси 7. Мерџо: Кој може да почне некоја глупост славна, ако во тоа не е Мерџо главна, на Мерџо гласот и се слуша, што да прави кога е заљубена до гуша. П.С. Аскона (М2) 8. Далибор Рекорди со изостаноци рушеше и дека нема да бега постојано ветуваше. Тој неуморно коментари дава и на секој збор од професорите капаче става. П.С. Торта... “снајке” 9. Верица: е девојка со добра душа ако треба и со часови ќе те слуша, таа за другарка многу вреди и сите проблеми знае да ги среди. П.С. Љутка (Даниела) 10. Борче: На прва клупа тој беше и да го пуштат професорите ги молеше, школото пекарско не му одеше сигурно мрзата го водеше. П.С. Мрза 11. Елена М. заедно со Ели В. тандем беа и на часови разни муабети си редеа. Сабота и недела ги викавме и кога ќе дојде ден за правдање веднаш ќе му ја збришеа. П.С. Страшна работа 12. Мирјана На љубовен план е многу вредна, а во школо само вика “не сум спремна” учењето во душата многу не и тлее за неколку месеци можеби невеста ќе е... П.С. Љубовџика (Горан) 13. Марјан: За него нема што да се каже бесна фаца и опасно маже. П.С. Брко (манекен) 14. Санија: Со Мерџо седи и разни муабети реди без никаква мака “англискиот” најмногу го сака. П.С. Форд сиера | 15. Емина: Има најдобри објаснувања за нејзините неоправдани и задоцнувања, неа ја мачат “1000” љубовни јадови пред испрашување и пукаат крвните садови. П.С.( Ме разбираш) 16. Ане: Нон-стоп совети ни кажуваше, но сепак насмеана остануваше. Убавината нејзе и е најјака страна е тоа ти е девојка без никаква мана. П.С. Фаца 17. Бранкица: Со Оливера седи и сите часови со внимание ги следи. Смешка права ни беше, се насмееш ли - таа веднаш се гласи, ете тоа беше нашата Баци. П.С. Смешка 18. Елена С. Нејзе на први час везден ја нема што да прави кога автобусот и бега таа на професорите на глава им се качуваше кога ќе видеше дека Филип со друга се муваше. П.С. Џивџи (Одма се враќам) 19. Оливера: Каде и да оди патот кон дома ја води, учењето и е најмачна страна, секоја оцена и создава длабока рана, за љубов таа не знае да зборува, а да го заврши школото?! одамна сонува. П.С. Може следниот час. 20. Јане Ц. Постојано молчи како риба, не се прави важен не се фолира, глас ретко му се слуша, само на час и тоа кога ќе каже “не сум спремен јас” П.С. Црвче 21. Јане Ш. Се вбројува во умните глави? на секој час концерти прави, од негова уста се слуша народна песна, па затоа има душа лесна. П.С. Шарко Во животот само еднаш се стекнуваат вистински пријатели кои засекогаш остануваат во срцата. Нашите патишта, случајно се вкрстија, а тоа што понатаму следи е премногу да се опише во овие неколку реда. Тоа е се за сите нас секој потоа на различна страна бега. Сите убави нешта кратко траат, но нема да дозволиме да се заборават. Иако животот понатаму тече, споменот за клупите вечно ќе не влече. Сили ќе имаме за деновите што следат, сеќавајќи се на другарствата што злато вредат. Животот е раскрсница, нека го добие секој она што го сака. П.С. Да бидеме луѓе блиски во години идни без разлика дали сме луѓе обични или луѓе видни... |
Ангеловска Ана
Атанаскоска Јулијана
Величковска Елена
Гаврилов Александар
Ѓорѓијовски Александар
Ѓорѓиевски Ѓокица
Зијадин Мерџијан
Јовановиќ Верица
Младеновска Елена
Младеновски Борче
Пирковски Маријан
Раиф Санија
Рахмани Емина
Сталевска Елена
Станковска Бранкица
Стефкофска Андријана
Трпчевска Оливера
Црвчевски Јане
Шарковски Јане



