Матуранти
Д.С.У. “Димитар Влахов“ - Скопје, матуранти генерација 2002
III-2Фризери, Д.С.У. “Димитар Влахов“ - Скопје, матуранти генерација 2002
Проф. Темелковска Морфа
| III-2 - "ОТКАЧЕНИТЕ ФРИЗЕРИ" Оваа песна е за сите нас за III 2најдобриот клас. Триесет и двајца во клас сме згмечени, со славно име "фризери" наречени. Многу "сакавме" на часови да седиме и сите "добри" оценки да редиме. Затоа никогаш немаше ниту еден час без да избега некој од нас. Сите сме скрос откачени и луди, секој на нашите глупости се чуди. Кога ќе дојдеш кај нас, за глава ќе се фатиш и никогаш повеќе во училната наша нема да свратиш. Често на професорите им се качувавме на глава, а да знаете сите од нив се со многу добра става. Паметот не ни доаѓа, пубертетот тешко ни проаѓа. Инаку ние сме "одлични" фризери, често си одеа бушави нашите муштерии. На пракса бевме многу вредни, а за да киднеме од настава секогаш спремни. Во училишниот центар еден глас не бие, сите велат дека сме биле најдобри ние. На часови љубовта ни беше главна тема, три години со професорите си правевме шема. Понекогаш тие не бркаа од часови, ама пак бевме најдобри меѓу сите класови. Иако сме супер, класната не караше, добри оценки и оправданија ни бараше. Сепак тоа и беше работа, да се жалиме навистина е срамота. Од ова училиште супер спомени си имаме и бидејќи се разделуваме ние многу жалиме. По неколку години ќе го бараме ова време, кое многу брзо лета и мине. Сепак заедно ќе бидеме во мислите свои и ќе си одиме по патот што животот ни го крои. Догледање професори мили, нема да ве заборавиме се додека сме живи. А, сега слушнете го нашиот глас, запознајте го целиот откачен клас: 1. ЈУЛЕ со број 1 беше наречена, за испрашување секогаш печена. Таа еплавуша јака, со љубовта никогаш немаше мака. П.С. - "Дај бе чекајте ме, лап лап" Шифра: "Плачка" 2. САЛИ си тераше негова работа, за Куманово одеше секоја сабота. Добар другар на сите им беше со никого од класот не се замеруваше. П.С. "Слушај..." Шифра: Чисто Македонче 3. ЈУЛИЈАНА е мила девојка, скрос е запалена по таа кошарка, За учење се снаоѓаше лесно добри оценки си добиваше често. П.С. "Работнички се цареви" Шифра: "Верен навивач" 4. ГОКИ се смееше за глупостите наши и многу на професорите не им се плаши. Тој врева никогаш не дига, постојано си читаше по некоја книга. П.С. "Не сте здрави" Шифра: "Мирен тип" 5. ВИКИ беше на Зоре слична, секој ден дотерана и лична. Со оценките и таа се мачеше, ама дипломата си ја зема во рацете. П.С. "Другиот час ќе одговорам" Шифра: "Миличка I" | 6. А ИВЧЕ е типка права, во школо и нема рамна. За учење гајле си нема врски си има за крај си ги спрема. Таа е поетот на целава песна, кажете нели е доста интересна. П.С. "Седи бе не ме знаеш" Шифра: Љубителка на рапери 7. АНЧЕ претседателот наш, го шекна и збрлави целиот клас. За ништо си немаше мака кога мобилниот и беше во рака. П.С. "Со точокот" Шифра: Тачка 8. МЕТО е дечко со добра душа и предавања не сака да слуша. Тој си муабетеше на секој час, постојано бучеше неговиот глас. П.С. "Ај да играме баскет Шифра: Плавуш 9. ИЛИНА на часови си иде за да редовна секогаш си биде. За учење многу не се интересира сепак прелазни оценки си добива. П.С. "Не знам" Шифра: "Здрвена кукличка" 10. МАГДЕ е ученичка права, за учење во класот и нема рамна таа беше активна на секој час, воопшто не сеслушаше нејзиниот глас. П.С. "Треба да одговарам" Шифра: Маги 11. НЕЛА чекаше петок да дојде, и право во Кочани да си појде. За лекциите често не и беше јасно, кога нешто и пречеше си кажуваше гласно. П.С. "Од дека си ти" Шифра: Зоран 12. А, од РУЖИЦА бог да не чува, секој ден со различен се мува. Таа е добар другар прав и од професорите си немаше страв. П.С. "Иди па се лечи" Шифра: Жута ружа 13. На АЛЕКСАНДРА и течат изостаноци ко боза но носи оправданија со добра дијагноза. На часови ко семафор ни беше, сите бои на глава ги редеше. П.С. "Треба да се смирам со оној" Шифра: Џивџи 14. ЈАСНА Кумановка наша вредна само петки си редеше една до една. Ретко и се слушаше гласот, но добро го советуваше класот. П.С. "Што се занесујете" Шифра: Фина девојка 15. БАКИ фризерот наш славен, за шишаше беше главен. Тој за оценки си немаше гајле, шишање професори до сабајле. П.С. "Не сум јас професорке" Шифра: Турчин 16. ЗОРЕ три години до Вики си седеше и многу често единичиња си редеше. Сепак таа знаеше да си се снајде, и еве со нас на таблото се најде. П.С. "Не сум спремна" Шифра: Миличка II 17. КИКИ наша љубовџика права, по улица нон стоп "форд фиеста" бара. Со класната често се кара и да ја ослободи таа бара. П.С. Еј види "форд фиеста" Шифра: Љубовџика 18. НАТАЛИ постојано со вокмени се расправаше, по малку и со љубовта се замараше. На часови обожаваше да се смее, а кога ќе ја прифатеа почнуваше и да пее. П.С. "Ме муеро де амор" Шифра: Заљубена 19. ИВАНА М. на прва клупа седеше и се што се случува во дневникот следеше. Не ја интересираа школските дечковци, за неа тие беа само обични влечковци. П.С. "Не ве запиша" Шифра: Плаво око | 20. ИГОР беше фраерот наш, по еднаш во годината беше на час. За учење не сакаше глас да слушне, гледаше само како низ врата да се мушне. П.С. "Ќе донесам оправдание" Шифра: "Мафијаш" 21. КОЉО за правда се бореше често, но класната му велеше "седи на место". Тој многу се грижеше за сите во класот и често правеше забави на часот. П.С. "Ај чешкај ми ја косата" Шифра: Откачено 22. МАЈА беше ученичка права, час учи час забушава. Едвај чекаше автобус да фати, за да на фраерот во Градско му се врати. П.С. "Ќе ми кидне автобусот" Шифра: Верна девојка 23. МАЈА П. беше супер ученичка со петки и е полна целата книшка. Секоја учебна година и беше лесна, лекциите ги пееше како песна. П.С. "Спремна сум за денес" Шифра: Природно убава 24. ЕЛИ си е типка прва лига, што носето малку го дига. Никому не му греши, но ако го сториш тоа ти таа брзо ќе те реши. П.С. "Интер - Милан 1:0" Шифра: Опасна типка 25. БИЛЕ со професорите ретко се караше, низ школо убавиот дечко го бараше. За учење не беше родена, а за муабет секогаш погодена. П.С. "Знаеш кој ми се свиѓа" Шифра: Цеца 26. А ЦАЦИ беше девојче лудо, правеше штосови едно чудо. За ништо не и беше гајле, а со професорите знаеше лесно да се снајде. П.С. "Ај не ми се занасај" Шифра: Откачена 27. ГАБИ до Ирена седеше и секој ден неоправдани редеше. Ако сакаш да ја најдеш види можеби кафе пие или пак во училна којзнае во кој сон спие. П.С. "Кој ќе ми гледа на кафе" Шифра: Оливер 28. КАТЕ секогаш беше фер, за другарство и правдина прав махер. За учење не беше вредна, но да кидне од час секогаш спремна. П.С. "Кој ќе оди во сендвичара" Шифра: Тајно жарче 29. БЛАГА е девојка што често се откачува и при тоа фраери по неа закачува. На коса жолти прамени стави, добри фризури на пракса таа прави. П.С. "Не се возбудувај" Шифра: Тачка 30. МАЦА ги скрати долгите коси, и секогаш каталог од "Oriflame" ни носи. Љубовта неа срцето и го скрши, сепак се добро се заврши. П.С. "Дај нешто да се напиеме" Шифра: Палачинки 31. МЕДИ нашата кукличка мала, умееше да направи по некоја шала. Кога ќе се изнервираше ни беше ептен слатка, сепак нејзината лутина е многу кратка. П.С. "Се скарав со Дончо; се смирив со Дончо" Шифра: Мало ама техничарче 32. Кога ИРЕНА ќе викнеше "престанете" на глас, веднаш се смируваше целиот клас. Таа од Волково со 22 ни идеше и за дружење многу ни ја биваше. П.С. "Еј, кој ќе иде на кафе" Шифра: Ренки |
Алижуроска Јулијана
Асани Саљи
Атанаскова Јулијана
Атанасовски Горан
Божиновска Вијолета
Деспотовска Ивана
Димитровски Методија
Димовска Анче
Ѓорѓиевска Илина
Ѓорѓиевска Магдалена
Јанева Мануела
Јаневска Ружица
Крстевска Александра
Мемеди Бајрам
Мердијана Фетах
Миновска Зорица
Мирческа Кристина
Митева Наталија
Митровска Ивана
Павловски Игор
Петровски Никола
Петрушевска Маја
Петрушевска Маја
Спасовска Билјана
Стојанова Славка
Стојановска Габриела
Стојановска Кате
Тошевска Блага
Трајковска Марија
Цветковска Ирена




