Матуранти
Д.С.Т.У. “Димитар Мирасчиев“ - Штип, матуранти генерација 2002
IV ТР, Д.С.Т.У. “Димитар Мирасчиев“ - Штип, матуранти генерација 2002
Проф. Боривое Топликлиев
| За Б. Топликлиев Класниот наш доби "бинго" в час кога му кажаа, трикотажа е вашиот клас, со ведра лика, но со строг глас не опоменуваше сите нас. | Четирите години не водеше тој не учеше како, да го водиме животот свој ни даваше совети на секој од нас да правиме добри дела, во животот наш. Тој секогаш беше со нас и се жртвуваше за нашиот клас. Неговите правила многу ни значеа да учиме и да не бегаме без зборовите, што не мачеа. За наше добро секогаш не караше и редовност од сите нас бараше. Секогаш насмеан влегуваше на час но како ќе излезеше прашајте не нас. Крајот почна да се ближи а класниот се повеќе за нашиот успех се грижи, добри оценки за секој да створи со професори тој се бори. Ќе дојде и тој миг кога ќе се разделиме и нема повеќе часовите со него да ги делиме. На зборовите негови секој од нас ќе се сети. бидејќи тоа секој си го вети! Од сега класниот наш мирно ќе спие оваа година си одиме ние | Од класот IV тр Нашиот клас е легенда жива секој од нас, за нешто го бива во вистинска шема е секој од нас класниот наш ни беше единствена спас. Имаше карање, смеење и врева кога некој нешто ќе рече другиот гласот го крева. На часови често борба се води секој од нас сака да си оди. Четирите години брзо ни пројдоа некој си отидоа а место нив други дојдоа. За оцени повисоки секој се бори со професори за тоа битка се води. За нашето бегање сите дознаваа во канцеларија класниот везден го караа. Си имавме ние многу јака шема бегањето ни беше единствена тема. Еве крајот дојде да се разделиме сите на разни страни ќе се определиме но другарството наше секогаш ќе трае ние сме IV тр секој нека знае. |
Ерол Адемов
Ерол е момче вредно
без мака заврши средно.
Добри оцени реди
на часови редовно седи.
П.С. Треба ми процент професорке
Слаѓана Арсова
Малечка и фина
со насмевка мила
другарка беше со сите нас
седеше мирна на секој час
штом ќе се спомне бегање
ќе речеше: "Јас не бегам со вас"
П.С. Се ли ја ќе ја бришам таблата
Билјана Богданова
Таа е легенда на нашиот клас
најголем шизик е од сите нас
за бегање нема мака,
а учењето и оди од рака.Академец да стане сака
ќе успее во тоа без мака.
П.С. Џаам бате
Наташа Данилова
Наташа никогаш не пропушта час
ама не можеше да се воздржи да не пушти глас.
Бараше правда, и за неа и за сите нас,
со право можеме да ја унапредиме во адвокат.
П.С. Брзам ќе одам кај Диме.
Сања Димитрова
Сања сите ги почитува и цени
сега со новиот имиџ срца ни плени,
за учење има дарба
оцените што ги има не ја одушевуваат
но ќе постигне успех - сепак е храбра.
Вљубена е и со тоа за слабиот успех
пред себе си се правда.
На часовите е активна, редовна
и мирна седи, па затоа
добри оцени реди.
За симпатиите сама си знае
мора да избере нешто добро
за подоцна да не се кае.
П.С. Хистерија!
Кети Ефтимова
Другарка е права
да се дружи со сите сака
учењето не и претставува мака
учи само кога таа сака.
Таа е највисока од сите нас
тоа е Кеца од нашиот клас.
П.С. Ќе одеме ли на кафе.
Александра Здравева
Секогаш ведра и насмеана
позитивна енергија шири
со книгите постојано се дружи
со слаба оцена не може да се помири.
П.С. е, нема шо
Милена Јовчиќ
Девојка шармантна и мила
со убава коса ко свила
од нејзините зелени очи
само добрина се точи,
учењето многу го сака
петки добива без мака.
П.С. Божемски
Ристе Костадинов
Ристе е другар прав
и има "манекенски став"
за совети е прва лига
а за друго баш го брига.
П.С. Кажи и да не ме запишат
Радица Миланова
Расположена и со ведра лика секогаш од среќа блика на часови се слуша само нејзиниот глас за зборување таа беше ас, кога ќе и спомнеш учење таа трепереше без глас и велеше: "професорке може ли наредниот час"
П.С. Е, како па да не.
Ивана Мијалкова
Ивана е другарка права
таа има витка става
за оцени добри се бори
и секоја желба сака
да и се оствари.
Христина Мицова
Таа на сите ни штима
караници многу не сака да има
се случува да не дојде на некој час
но не ја бие лош глас
за љубовта е во дилема
и за неа идеален партнер нема.
П.С. Од сега ќе се активирам
Елена Митрова
До трета година глас не и се слушна
но во четврта стана бучна
за добри оцени немаше мака
само учеше кога сака.
ПлС. Амн веќе со тај саат.
Уснија Мусевска
Во последна клупа седи
и часовите со нетрпение ги следи
Таа сите знаеше да ги сака
тоа најдобро и одеше од рака.
Во љубовта е недостижна мета
другарството со неа вечно ќе цвета.
Станка Николова
Дружењето не и претставува мака
и школото многу си го сака
за англиски душа дава
но не може да одбере љубов права.
П.С. Дечки на ногу зборам, нели?
Соња Николова
Соња е другарка права
на часовите се огледалцето го подава,
учењето многу не го сака
но тоа не и претставува голема мака.
Понекогаш знаеше со зборување да претера
па некој професор од час да ја истера.
Будимка Ристова
Во втора клупа седи
и добри оцени реди
математиката ја мачи
но висока оценка мора да има
просек да и качи
П. С. Ти со мене не можеш да се инатеш.
Верица Рунчева
Таа е другарка права
но на секој збор капак става
за учењето многу глава не ја боли
а за ослободување се класниот го моли.
П.С. Професоре болна беше.
Анита Серафимова
Во втора година дојде кај нас
и секогаш седеше нашминкана на час
лекциите ги раскажуваше без мака
петки да добива таа сака.
П.С. Професоре јас не сум Анета
Слаџана Спасова
Шармантна девојка
со манекенска става
со добра фризура
на својата глава.
Сани е другарка права,
на часови редовно седи
и добри оцени реди.
П.С. Можам, ама не говорам штипски.
Александра Стојкова
На првите часови често ја нема
Ацка пак е во некоја шема
ова чудно звучи
но оваа година
многу се разучи.
П.С. лудници...
Бранка Стојкова
Ја красеа не само убавите очи
туку и карактерот благ
кротка и мила
не и се селушаше глас
но се случуваше понекогаш
да напушти час.
Александар Тодоров
Учењето многу не му лежеше на душа
но не беше некој што професори не слуша
фудбалот многу го сака
фудбалер ќе стане без мака.
П.С. Ќе одам на тренинг професорке.
Васка Чанева
Мирна, тивка, одмерна
Васка Чанева од сите беше ценета
активна беше на секој час
во учењето се двоеше од сите нас
ученижка без мана
и од другарки и од професори сакана.




